Мајкл Фавре, играч на аргентинскиот нисколигаш Сан Хорхе, бил убиен за време на натпревар од противнички играч.
Имено, по 20-ина минути игра, Фавре бил во дуел со Алехандро Квинтана, но веднаш станал, а потоа на него налетал друг фудбалер од кого примил удар во пределот на вратот.
Од силината на ударот во пределот на вратот, несереќниот фудбалер, се срушил на тревата и починал. „Ударот кој го добил бил смортоносен“, изјавила докторката Изабел Гарај.