Неисполнати обрвски, неисплатените премии и плати на Управата на ФК Охрид 2004 кон фудбалерите ги примора “белите“ на штрајк. Претпладнево фудбалерите заедно со тренерот Драган Антиќ, одржаа прес-конференција на која го изнесоа својот став.

„Фудбалерите на Ф.К. Охрид 2004 би сакале да ја запознаат пошироката јавност со случувањата и мрачната атмосфера што ни ја создаваат неколку луѓе од управата на клубот, која трае веќе подолго време. Пет месеци немаме примено плата, ни се должат премии, договори и награда за влез во Првата македонска фудбалска лига.  Бевме лажени секој ден од управата на клубот дека ќе бидеме подмирени, а ние како професионалци максимално ги извршуваме зададените задачи, но за возврат останавме со празни раце. Оставени бевме сами на себе не само на финансиски план туку и не беа способни да ни обезбедат основни услови за тренинг. Ни недостасуваа терени, топки и импрозиравме. Ние фудбалерите не сакаме да бидиме заложници на неколку луѓе од управата и затоа јавно ги замолуваме да го напуштат клубот и да поднесат оставки, а раководењето со клубот да ни ги препуштат нас на фудбалерите од ФК Охрид. Во една ваква ситуација барем ќе знаеме дека играме за себе, со љубов кон клубот а не за ќеф на некои луѓе кои не го заслужуваат тоа.  Воедно сакаме да упатиме апел до градоначалникот и советот на општина Охрид, и на оние сите на кои ФК Охрид му значи нешто ако имаат можност на било како начин да помогнат и да застанат на страната наша и да го потркрепат нашиот апел за помош“. – рече капитенот Саше Ѓорески.

Фудбалерите од ФК Охрид ги поддржа поранешниот претседател на клубот,  Делчо Максимоски кој истакнаж

Сакам да ги замолам сите спортски работници и таткото на градот г-динот Александар Петрески да се инволвираат во овој проблем кој е настанат поради упрвата на клубот. Јас лично моментално го живеам сонот кога го гледам ФК Охрид во Првата лига. Жално е тие што управуваат со клубот неможат. Ние сме легитимно Собрание,  а ФК Охрид ни беше одземен на нелигитимно Собрание без доволен број на делегати, а се потпишуваа некои “трети“ личности кои немаат допирна точка со фудбал. Поради тоа ние сме на суд со моменталната управа на клубот. Кога правдата ќе биде задоволена ќе овозможам да се повика вондредно Собрание и ќе замолам сите кои сега фигурираат во клубот како управа да си заминат – изјави Максимоски.

На прес-конфернцијата присуствуваа и претставници на навивачката група “Рибари“, кои го иснесоа својот  став.

Оваа вест за нас е шоканта, ние сме тука да го бодриме клубот во добро и лошо. Навистина нема смисла двајца членови кои се во управата да го кочат клубот во неговата намера. Како симпатизери на ФК Охрид сакаме и понатаму клубот да се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига и сите заедно да уживаме во фудбалот – изјави предводникот на навивачката група “Рибари“, Дејан Дишлиески.

Мх.П.