Победничкиот погодок на Цеск Фабрегас во 88-та минута ги разбесни фановите КПР кои ги гаѓаа фудбалерите на Челси со тврди предмети.


Најлошо помина Бранислав Ивановиќ, кој доби удар во главата, а вербален дуел покрај аут линијата имаа менаџерот на КПР и помошникот на Жозе Мурињо.


„Сините“ со минималната победа (1-0) се доближија уште повеќе до титулата во Премиер лигата, која веќе три години ги краси витрините од „Етихад“ односно „Олд Трафорд“.

Ohridnews