Некогашните фудбалери на Глазгов Ренџерс, Дадо Пршо и Начо Ново заедно со навивачите протестираа пред стадионот, кој управата на клубот сака да го даде под хипотека за наем од 10 милиони фунти.
Пред десет години токму двоецот го предводеше Глазгов до титулата во шкотското првенство, а сега тие се на помош од навивачите за бранење на стадионот од хипотека.
– Кога играв бев војник на Глазгов Ренџерс и никогаш не се отжаував. Навивачите исто така се војници кои долги години ја водат оваа борба со стадионот. Секогаш ќе ги поддржувам навивачите кои сакаат да го вратат клубот на старите патеки. – рече Пршо.
По финансискиот колапс „полицијците“ беа преселени во четвртата лига, а две сезони напредуваа и сега се натпреваруваат во втората лига по квалитет.
Ohridnews