Фудбалерите на Охрид на денешниот одигран натпревар со екипата на Детонит Плачковица, во рамки на 28 коло од Втората Македонска фидбалска лига, извојуваа победа со резултат 3:1.

Двоен стрелец за екипата на ГФК Охрид Лихнидос беше Наумче Бакрачески, а покрај него стрелаше и Филип Димоски. Дамјан Масевски запиша една асистенција и успеа да изнуди два пенали.

Натпреварот се одигра на стадионот „Билјaнини Извори“.

OhridNews