Во рамки на второто коло од Втората македонска фудбалска лига, фудбалерите на Охрид на домашен терен утре го пречекуваат тимот на ФК Кожуф Гевгелија.
Сите на стадион, заедно да го бодриме нашиот клуб!, порачуваат од ГФК Охрид.
Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион „Билјанини извори“ со почеток во 16:45 часот.
ГФК Охрид Лихнидос ја започна новата сезона со победа пред домашната публика, совладувајќи го ФК Новаци со 2:1.
OhridNews










