Најтрофејниот албански клуб и актуелен шампион на Албанија, Тирана како база за подготвки за квалификациите во ЛШ го одбрааОхридското езеро и одличните климатски услови кои ги нуди градот Охрид.Фк Тирана е формиран 1920 година и во својата историја 22 пати бил шампион на Аланија .

Како се развивал клубот низ годините неколку пати го менувал своето име во периодот до 50 години го носел името Тирана,во периодот од 50 до 90 години до падот на системот го носел името 17 Ноември,а по падот на системот во 90 го вратил своето старо име Тирана .

Како шампион на Албанија  ФК имаат можност преку квалификациите од Лигата на Шампиони да стигнат до најелитнот натреварување.Градот Охрид покрај одличните климатски услови го одбрале и поради можноста да ги одмерат силите со екипи кои ке се подготуваат во македонскиот бисер

– Условите овде во Охрид  се одлични ,очекуваме да одиграме неколку контролни натпревари со екипи од Македонија кои како нас се подготвуваат за натпреварите во Уефа  вели тренерот Сулејман Старова

По натпреварот против комбинираниот тим на играчи кој го добија со 1-0 во план се уште да одиграат со Вардар на 02 Јули,а како можни термини се споменуваат и 7 и 9 мај .

Албанија како ветена земја

Присуството на Албанскиот шампион Тирана е вистинска можност за македонските фудбалски печалбари.Имајки ги во предив солидните услови кои ги нудат албанските  клубови се поголема е желбата на фудблерите да заминат на запад во Албанија .На натпреварот кој се одигра на Билјани пред очите на тренерите на Аполонија,Корча ,Елбасан ,Теута ,Динамо и Тирана продефилираа фудбалери кои се надеваат на трансфер .

Играчите кои лани беа во Аполонија Јакимоски и Делиоски Косотовски Дејан е се поблиски до Корча потоа, Петрески Гоце кој е слободен играч ,гевгеличанецот Чурлинов ,Илинденците Ѓоршески ,Велески и Оџа,а интерес за  трансфер покажаа и српските интернационалци Немања Јевремик ,Симиќ и Ѓурич.во текот на наредните денови се очекува епилогот од можните трансфери на некој од играчите .

М. Постоловски