Дисциплинската комисија при ФФМ за случувањата на мечот Вардар – Охрид ги опомена фудбалерите на Охрид и секретарот на клубот Милчо Ристески, додека единствно суспензија заработи тренерот Драган Антиќ.

Во одлуката на ФФМ се вели:

„Фудбалскиот клуб Ф.К Охрид 2004 и фудбалерите кои се наоѓале на теренот во 89 минута на натпреварот с Ф.К Вардар 1947 поради неспортско однесување кон противничката екипа СЕ КАЗНУВААТ со дисциплинска мерка ОПОМЕНА.

– СЕ ОТФРЛА поднесената пријава против претставникот на Ф.К Охрид 2004 Ристевски Милчо поради непостоење на докази дека сторил дисциплински прекршок.

По оваа точка од дневниот ред Претседателот на ДК на ФФМ Зејди Салиу се иззема од постапката при одлучување за поведената дисциплинска постапка против Драган Антиќ тренер на ФК Охрид 2004. На негово место ќе одлучува заменик претседателот на ДК на ФФМ Данчо Тодоров.

– Дисциплинската комисија на ФФМ по донесените одлуки против тренерот на Ф.К Охрид 2004 Драган Антиќ му изрекува кумулативна единствена казна за сторени повреди предвидени во дисциплинскиот правилник во траење од 14 (четиринаесет) месеци забрана на вршење на секаква функција во фудбалскиот спорт и парична казна во износ од 1000 (илјада) евра во денарска противредност. Казната тече од денот на донесување на одлуката.“

Ohridnews