Првата бомба од неколкуте што одекнаа во синоќешиот терористички напад на Париз експлодираше на „Стед де Франс“ каде репрезентациите на Франција и Германија играа контролен натпревар.

По експлозијата надвор од стадион фудбалерите на теренот останаа здрвени и за момент ја прекинаа играта. Мечот продолжи, а по завршувањето сите фудбалери беа веднаш евакуирани.


Според, последните информации во нападите што се случија на повеќе локации животот го загубија 150 луѓе, а светлата на Ајфеловата кула беа изгасени во знак на почит кон жртвите.

Ohridnews