Вилијам Галас на 37 години стави точка на фудбалската кариера и се прости од првата споредна работа во светот.


Тој во својата богата кариера успеа ги „обедини“ лутите ривали од Лондон настапувајќи пет години за Челси, четири за Арсенал и три во дресот на Тотенхем

Со вакво искуство во Премиер лигата неможе секој да се пофали бидејќи трансферите од еден во друг ривал не се забораваат така лесно.

Французинот најголемите успеси ги имаше на „Стемфорд Бриџ“ освојувајќи две титули во Премиер лигата во првата ера на Жозе Мурињо.

Галас во дресот на „триколорите“ дебитираше 2002 година, запиша 84 настапи и пет погодоци.

Мх.П.