Освојувачот на наградата за најдобар гол во светот во 2015 година, Вендел Лира одлучи на 27 години да ја заврши кариерата и да се посвети на видео игрите.
Вендел Лира во 2015 година со 46.7% од гласовите ги победи Лионел Меси и Карлос Тевез во изборот за најдобар гол кој му донесе планетарна популарност.
– Големиот број на повреди ме натераа да донесам ваквка одлука. Но, исто сакам да се посветам на видео игрите односно сакам да бидам ФИФА светски првак. – рече фудбалерот.
Вендел Лира имал блескава кариера во младинските години настапувајќи за бразилската селекција до 20 години, а еднаш бил и на преговори со Милан кој не успеал да најде заеднички јазик со Гоиас каде настапувал сега веќе пензионираниот фудбалер.
OhridNews