Некогаш успешниот фудбалерот на Рома, Дани Освалдо пасијата кон фудбалот ја замени со пиво, скара и музика. Тој малку неочекувано од фудбалот се повлече минатата сезона на точно 30 години.

Неговото повлекување со шок и неверување го прифатија пред се` аргентинските медиуми, бидејќи беше доведен како големо засилување во Бока Јуниорс, а како гром од ведро небо најави пензионирање.

Освалдо во интервју откри една интересна анегдота поврзана со сегашниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампоили кога беше на чело на Севиља.

– Во декември минатата година ме контактираше Сампаоли и на телефон ми рече: Дани, не барам ништо од тебе, можиш да правиш што сакаш надвор од теренот, но ми треба напаѓач таков каков тебе. Јас не го откачив, туку му кажав дека се подготвувам за рок фестивалот и немам време за фудбал. Тој ми рече дека едноставно не смеам да го пропуштам фестивалот, бидејќи знае што значи за мене музиката и доброто друштво. – раскажа Освалдо.

Низ кариерата Освалдо во Серија А настапуваше за Лече, Болоња, Фиорентина, Јувентус и Интер, а кратки епизоди имаше во Еспањол и Саутемптон.

OhridNews