Легендарниот холандски фудбалер Јохан Крој ја започна тешката и безпоштедната битка против ракот на плуќата.


Болеста на Кројф му беше дијагностицирана неодамна, а тој со лекување и терапија почна веднаш.

– Почнав со терапија и ќе дам се од себе да излезам како победник од овде. Гледањето фудбал ми ги отргнува мислите од болеста и ми дава надеж за живот. – рече Кројф.

68-годишниот Кројф има оставено силен белег во фудбалот измислувајќи го „тоталниот фудбал“ кој се уште се негува во Европа.

Тој со репрезентација на Холандија стигна до финалето 1974 година но претрпеа пораз од Западна Германија 2-1.

Ohridnews