Со бараж натпреварите за пласман во Втората македонска фудбалска лига запад и исток ќе се врати фудбалот во нашата земја.

За пополнување на местото во Втората лига-запад ќе играат три екипи додека во баражот на истокот ќе учествуваат две екипи. Баражот на западот ќе се игра во Тетово додека на истокот во Штип. Сите мечеви ќе се играат без публика.

Во баражот на западот пласман ќе обезбеди првопласираната екипа на мини табелата додека на истокот победникот од единствениот бараж дуел

Екипите кои се дел од бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ се должни безусловно да ги спроведуваат насоките, препораките и мерките запишани во Протоколот во насока на заштита на здравјето на сите чинители во фудбалската игра.

Распоред:

Запад

1 рунда ФК Чаклани – ФК Фортуна

2 рунда ФК Чаклани – ФК Велешта

3 рунда ФК Велешта – ФК Фортуна

Исток

ФК Росоман – ФК Слога Виница

OhridNews