Незадоволството поради големиот неуспех на Италија во баражот со Шведска и не одењето на Мундијалот во Русија беше големо. „Азурите“ и навивачите тешко ја прифатија елиминацијата која става точка на серијата учества на Светските првенства од 1958 година.

Прв кој јавно го искажа незадоволството беше братот на Фабио Канаваро, Паоло, кој за виновници ги најде сите чинители во италијанскиот фудбал, а не само селекторот Џанпјеро Вентура, кој веднаш си поднесе оставка.

– Луѓе, пласманот на СП не го изгубивме вчера, туку пред 15 години кога луѓето кои го водат фудбалот почнаа да носат промашени фудбалери кои им го крадеа местото на домашните.

Им пруживме прилика да осетат слава, а за тоа се криви тренерите кои се одлучуваа за такви потези и не ги форсираа домашните фудбалери. Сега, кога допревме дното време е за реформи и за промени. Прво да им се заблагодариме на странските играчи кои го контролираат нашиот фудбал и нашите млади играчи да излезат на виделина.

Криво ми е за Буфон кој ќе беше првиот фудбалер во историјата кој настапил на шест светски првенства и се надевам дека неговите солзи ќе бидат последни пролиени за нашиот фудбал. – стои во реакцијата на Канаваро.

Токму братот на Паоло, Фабио Канаваро го крена златниот медал на Мундијалот во Германија кога „азурите“ после изведувањето на пеналите ја совладаа Франција.

OhridNews