По мечот меѓу Белгија – Шпанија одложен е мечот меѓу селекциите на Германија и Холандија кој требаше да се одигра во Хановер.


Полицијата од Хановер прво го евакуирала стадионот, а потоа го опколила со свои сили откако бил забележан сомнителен куфер пред влезот на трибините.

Светскиот првак директно беше инволвиран во терористичките напади во кој мета беше стадионот „Стед де Франс“ на кој играа Франција и Германија.


Германските репрезентативци преноќија на стадионот, а некои од нив ја напуштија селекцијата по претрпениот шок.

После сите овие случувања фудбалот во сенка, нешто што ретко се случуваше во минатото.

Мх.П.