Еден од најдобрите португалски фудбалери во историјата Еузебио почина на 71 годишна возраст во Лисабон.

Прославениот фудбалер на Бенфика две години имаше проблеми со срцето, а се започна пред Европското првенство во Полска и Украина кога беше хоспитализиран во болница по преживеан срцев напад.

Еузебио на мундијалот во Англија 1966 година беше најдобар стрелец со девет погодоци и беше избран во идеалниот тим.

 

Мх.П.