Беспилотно летало со знаме од голема Албанија, немили сцени на теренот, нереди на трибините, палење на знамето од НАТО, а каде беше фудбалот на мечот Србија – Албанија во квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година ?!
Никој, ама баш никој не зборуваше за фудбалот и фудбалерите кои од нигде никаде мораа да се пресметуваат меѓу себе, а тензијата се прави надвор од теренот.
По завршување на инцидентот репрезентативците на Србија ги чуваа гостинските фудбалери од разлудените навивачи на стадионот, кои беа подготвени на секаков потег.
Фудбалот и спортот воопшто нажалост се повеќе се користи за поле на искажување на незадоволство кон одредени личности, земји и слично.
УЕФА (ќе) има полни раце работа бидејќи најважната споредна работа на светот паѓа во сенка на немилите сцени без разлика каде се случуваат, дали надвор или на теренот.
Мх.П.