Фудбалската бајка на Лестер во Премиер лигата ќе заврши со шампионски трофеј откако „лисиците“ и теоретски на два меча од крајот на првенството ја осигураа првата титулата во историјата.
„Лисиците“ на Олд Трафорд испуштија шанса да ја заверат сами, а во тоа им помогна Челси кој во лондонското дерби ремизираше со Тотенхем 2-2.
„Петлите“ имаа предност по првиот дел од 2-0 со головите на Хари Кејн и Хеунг Мин Сон. „Сините“ во второто полувреме преку Тим Кејхил ја намалија негативата, а со Еден Хазард ги изедначи бројките на семафорот за голема радост на „лисиците“.
Во преостанатите две кола од Премиер лигата разврска ќе има за местата кои водат во Европа и оние кои носат нова сезона во елитното англиско друштво.
OhridNews