Една од најдобрите фудбалски бајки во Премиер лигата и фудбалот воопшто заврши со отказ. Имено, управата на Лестер ја раскина соработката со Клаудио Раниери 292 денови откако на клубот му ја донесе историската титула во Премиер лигата.


Клубот на својата официјална страница ја соошти одлуката која била тешка и болна, но неопходна за доброто на екипата која се најде во опасниот дел од табелата во англиската елита. Во 2017 година фудбалерите на Лестер немаат постигнато погодок и имаат освоено само еден бод во премиерлигашките натпревари.

Раниери кој со „лисиците“ ја освои првата титула од еден националец шампионат на клупата седна 2015 година на местото Најџел Персон кој беше разрешен после тензичните сцени со противнички фудбалер.

Асистентот Крег Шакеспреј и Мајк Стоуел ќе го предводат Лестер на дуелот со Ливерпул на Кинг Пауер стадионот во мечот од Премиер лигата кој ќе се одигра во понеделник.

OhridNews