Лутите градски ривали и Реал и Атлетико се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите.
Во реванш натпреварите од четвртфиналето, синоќа, Реал дома славеше над Баерн по продолженија со 4:2, откако баварците го дибија регуларниот дел со 1:2, што беше идентичен резултат од Минхен. Баерн поведе со голот на Левандовски од пенал во 53 минута, а израмни Роналдо во 76 минута. Само две минути подоцна Серхио Рамос ја затресе сопствената мрежа за 1:2. Клучниот момент се случи во 84 минута кога неправедно црвен картон заработи Артуро Видал. Надомоќта на теренот Реал максимално ја искористи и со три гола во продолженијата стигна до целосен пресврт и победа од 4:2 која го однесе во полуфиналето. По завршувањето на мечот гостите жестоко реагирале во соблекувалната на унгарскиот судија Касаи, бидејќи два од трите гола во продолжението беа постигнати од офсајд.
Пласман меѓу четирите најдобри во Европа избори и А тлетико Мадрид откако на реваншот во Лестер ремизираше 1:1. Стрелци на головите беа Саул Нигез во 26 минута за Атлетико и Џејми Варди во 61 минута за Лестер. Првиот меч Атлетико дома го доби со минимални 1:0.
Вечерва на програмата се реванш натпреварите помеѓу Барселона и Јувентус (0:3) и Монако – Борусија Дортмунд (3:2).
OhridNews