Македонската фудбалска репрезентација попладнево во Баку ќе го одигра пријателскиот натпревар против соодветната селекција на Азербејџан.

Во пресрет на натпреварот привремениот селектор Бобан Бабунски се соочи со уште еден отказ, поради повреда настапот го откажа дефанзивецот Игор Митрески. Бабунски за натпреварот со Азербејџан на располагање ќе има 17 фудбалери.


Македонија во овој натпревар влегува како 96 репрезентација на ФИФА ранг листата, додека Азербејџан е полошо пласиран од „црвено-жолтите“ се наоѓа на 111-то место.

Двете селекции досега имаат одиграно четири натпревари, традицијата е на страната на Македонија која има три победи, еден меч завршил без победник.

Новиот македонски селектор натпреварот во Баку ќе го следи преку малите екрани, тој во Македонија ќе дојде на 25.август, а ден подоцна ќе ја има својата промоција. Тошак на клупата на Македонија ќе дебитира на 2.септември на квалификацискиот натпревар со Русија.

“извор Макфакс“
Ohridnews