Терените на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ и Охрид како град на десеттици фудбалски екипи од нашата земја и странство ќе бидат база за подготовките за престојната полусезона во националните шампионат.

Подготовките во Охрид веќе ги започнаа амбициозните второлигаши Струга Трим Лум и Лабуништа, а допрва ќе доаѓаат останатите македонски клубови и најдобрата женска репрезентација.

  • За жал поради студеното време и големата количина на снег која заврна во Охрид и околината екипите кои беа први најавени го откажаа доаѓањето. Но сепак ние имаме клубови кои го одбраа Охрид како град и нашите терени како место за подготовки. Покрај македонските клубови Ренова, Брегалница, Силекс и Борец во Охрид ќе престојува и најдобрата женска репрезентација во фудбал. Од странските екипи во Охрид ќе дојдат Металац, Јавор Ивиња, Младост Лучане и уште две албански екипи кои се уште не го имаат потврдено точниот термин. – изјави директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска.

Контролните натпревари на теренот со вештачка и природна трева ќе започнат на 24 јануари за кога се најавени првите екипи на подготовки во Охрид.

OhridNews