Со своите фантастични настапи сезонава фудбалерот на Лестер, Џејмс Варди не го привлече вниманието само на фудбалските миленици туку и на режисерите од Холивуд.
Новопечениот репрезентативец на „Гордиот албион“ ги „шекна“ англичаните со головите на 11 последователни мечеви во Премиер лигата со кои го обори рекордот на Руд ван Нистерлој стар десеттина години.
Членот на „лисиците“ за кратко време како никој фудбалер до сега стекна планетарна слава, а може уште толку ако филмот кој се планира за него успее на големото платно.
29-годишниот фудбалер од Шефилд пред пет години играше во петтата лига во Англија за 30 фунти неделна плата, а притоа работеше и во фабрика да може да се финансира за играњето фудбал.
За три години Варди од Стоксбриџ до Халифакс и Флитвуд напредуваше многу и неговиот потенцијал го забележа тимот на Лестер кој тогаш се натпреваруваше во Чемпионшип дивизијата.
Лестер сезона подоцна обезбеди пласман во Премиер лигата, а од тука некаде почна и фудбалската бајка на Варди. Во првата сезона имаше блесоци, но сиот свој потенцијал тој го покажа во втората сезона која сигурно ќе остане запеметана по неговата голгетерска експлозија.
Дека во идејата во Холивуд има голема сигурност за реализација говори фактот дека продуцентот Адријан Батчер почнал да ја формира екипата околу себе за почнување на филмот.
Актерите Зек Ефрон и Роберт Патисон и членот на групата „One Direction“, Лиус Томлинсон се споменуваат за добивање на улогата да го глумат Варди.
Мх.П.













