Фудбалскиот свет се простува од легендарниот италијански дефанзивец Франко Барези, кој почина на 66-годишна возраст. Веста ја потврдија неговиот матичен клуб Милан, како и ФИФА, по што следуваа бројни пораки на сочувство од фудбалските великани и институции ширум светот.
Барези целата своја професионална кариера ја мина во дресот на Милан, за кој настапи повеќе од 700 пати, освојувајќи шест титули во Серија А и три европски круни. Со репрезентацијата на Италија беше светски шампион во 1982 година, а како капитен ги предводеше „азурите“ до финалето на Светското првенство во 1994 година.
Во емотивното простување, Фудбалскиот клуб Милан порача дека Барези кој целата своја кариера ја мина во црвено црниот дрес, бил „симбол на клубот, пример за лојалност, лидерство и човечност“, потсетувајќи дека неговиот легендарен дрес со број 6 засекогаш е повлечен од употреба.
Почит кон Барези оддадоа и бројни фудбалски имиња, меѓу кои Паоло Малдини, како и италијанскиот државен врв, истакнувајќи дека светот изгуби фудбалски великан чие влијание врз играта ќе остане вечно.
Барези важи за еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот, а неговата интелигенција, лидерски квалитети и беспрекорна лојалност кон Милан го направија една од најпочитуваните личности во светскиот спорт.
OhridNews













