Школата за фудбал Евро фудбал постои 7 години а низ неа поминале голем број играчи.Моментално школата брои околу 120 деца поделени во неколку категории.По освоеното прво место во езерскиот регион јуниорите на Еврофудбал викендов ке учествуваат на меѓународен фудбалски турнир во АЛбанија.

– Со генерацијата 92-93 го освоивме првото место во езерскиот регион ,а во плеј –оффот бевме поразени од Пелистер . вели тренерот Вељаноски Аце.Со оваа генерација во недела заминуваме на меѓународен трунир во Драч Албанија.

Нa турнирот во Алабнија се очекува да се појават 20-тина  екипи ,кои ке настапт во турнитски систем ,поделени во групи.Вообиачаено средствата се основниот проблем како за одржување на клубот така и за организиррањето на вакви турнири.За гостувањето во Албанија децата ги облече Дон Маркетот.

– За учество на турнирот децата сами ги подмируваат трошковите,додека школата работи од самофинасирње –завршува Вељаноски

Фудбалерите за Албанија заминуваат во недела ,а за успех би ги го сметале пласманот во полуфиналето .

М. Постоловски