
Податоците на Меѓународната фудбалска федерација и Меѓународниот трансфер систем покажуваат дека во 2019 година биле потрошени 653,9 милиони американски долари само за провизии на менаџерите. Ова сума е поголема за 19,3 отсто во однос на 2018 година.
во 2019 година биле извршени повеќе од 17.000 трансфери на фудбалери во светот, а дури во 3.557 бил вклучен барем еден посредник. Клубовите од Германија, Шпанија, Португалија, Англија, Франција и Италија платиле повеќе од 80 отсто од горе наведената сума.
OhridNews











