ФФМ по заеднички состанок со претставниците на МВР, СВР Тетово, ФК Шкендија и ФК Вардар одлучи да се одложат средбите од 20-тото прволигашко коло кои се на програмата во Тетово: ФК Шкендија-ФК Вардар, и ФК Тетекс-ФК Напредок.


Одложувањето е со цел да им се даде повеќе време на клубовите-домаќини за подобро организирање на натпреварите во нови термини.

Исто така од ФФМ одлучија да се одложат и викенд-средбите од 21-то коло во Првата МФЛ и 18-тото коло во Втората МФЛ.

Ohridnews