
Се очекува евроамбасадорот на кандидатите да им ја повтори пораката од ЕУ, дека мирни, фер и демократски избори се врвен приоритет за Македонија и услов за визна либерализација и добивање датум за преговори со унијата.
Фуере, кој е чест гостин во Охрид, претходно обиколи повеќе други општини во кои исто така се очекува неизвесна трка за градоначалничката функција.











