Германската екипа Фуксе Берлин е новиот првак на неофицијалното светско клупско првенство кое се одржа во Доха.


„Лисиците“ во финалето го совладаа вицешампионот од Лигата на Шампиони, Веспрем со 28-27 по две дополнителни продолженија и заработија парична награда од 400 000 долари.

За влез во финалето германците го совладаа Европскиот првак Барселона кој пак заврши на третата позиција по триумфот над Сиднеј университи со 30-20.

Ohridnews