Од натпревар во натпревар драстично се намалува шансата за опстанок на Фулам во Премиер лигата. Пулените на Клаудио Раниери нова шанса за бодови прокоцкаа на гостувањето кај Вест Хем претрпувајќи пораз 3-1.

Фулам прв постигна погодок и поведе со 1-0 во 3-та минута, но како и во многу наврати сезонава не успеа да ја задржи предноста и да освои значајни бодови. Вест Хем до финишот на првото полувреме го презеде водството, а до крајот на мечот го зголеми за победа 3-1.

Во надолната линија на табелата паѓа и Кардиф, кој неочекувано на домашен терен претрпе убедлив пораз од Ватфорд 5-1. Гостите од 20-та до 70-та минута четири пати ја погодија мрежата и наговестија убедлив триумф. Во последните 15-тина минути двете екипи постигнаа по еден погодок за конечни 1-5.

Фулам со само 17 бодови се наоѓа на претпоследната позиција на табелата, додека Кардиф има седум повеќе и го зазема 18-то место кое води еден ранг подолу.

Возбудувањата во Премиер лигата продолжуваат утре, а би требало да кулминираат в недела со дерби средбата помеѓу Манчестер Јунајтед – Ливерпул.

OhridNews