Еврокомесарот за проширување Штефан Фуле, вечерва доаѓа во Македонија, за да оствари средби со главните политички фактори во земјата.

Како што информираат од Европската Комисија, посетата е во контекст на актуелната политичка ситуација во земјата. Предвидено е Фуле да го придружуваат известувачот за Македонија во Европскиот Парламент Ричард Ховит и поранешниот претседател на ЕП, Јержи Бузек.

„Решавањето на политичката криза ќе помогне во создавањето услови за извештајот што Комисија го подготвува врз основа на одлуката на земјите членки за пролетва. Ќе создаде услови овој извештај да биде позитивен“, изјави Петер Стано, портпарол на еврокомесарот Фуле.

OhridNews
извор: Makfaks