Кошаркарот на Чикаго Булс, По Гасол го потврди настапот за селекцијата на Шпанија на престојното Европско првенство кое ќе се одржи во четири земји Германија, Латвија, Хрватска и Франција.


– После долго размислување одлучив да и се придружам на селекцијата. Секоја моја одлука до сега околу репрезентацијата била исправна, а се надевам и сега кога сакам да и помогнам за пласманот на Олимписките игри во Рио 2016 година. – рече Гасол.

Со кошаркарскиот ас во составот „црвената фурија“ има освоено златен медал на Мундијалот 2006 година и два златни медали од Европските првенства 2009 и 2011 година.

Во богатата колекција на Гасол недостасува златен медал од Олимписките игри и по се изгледа тука лежи причината за приклучувањето на селекцијата.

Шпанија во Б групата се наоѓа со домаќинот Германија, Италија, Србија, Исланд и Турција.

Мх.П.