Креативното студио Розегард осмислило парче облека кое претставува совршен спој на технологијата и сексипилот. Станува збор за фустан кој е направен од специјален материјал, така да во моментот кога ќе се возбудите, тој станува невидлив. Фустанот, направен во рамките на проектот Интимност 2.0, е направен од кожа и специјална е-фолија, кои се вмрежени со електроди и ЛЕД диоди. Како што пулсот расте, поради интимните средби со друга личност, така ова парче облека станува се повеќе и повеќе невидливо.
Фустаните со футуристички дизајн се прават во две бои, бела и црна. Не е сосема јасно зошто некој би сакал да има таков фустан, бидејќи во јавност, тоа само го открива она што повеќето од нас сакаат да го сокријат. На официјалниот сајт пишува дека овој фустан е совршен да се носи на црвениот тепих. Иако е интересна идејата, можеби најдобро место за овој фустан сепак е да остане во спалната соба.