Еден фустан на покојната принцеза Дајана бил продаден на аукција во Торонто за 821 илјада американски долари. Темниот син фустан од свилен сомот, чиј крој бил инспириран од едвардијанскиот стил, Дајана го носела на официјална вечера во Белата Куќа во 1985 година, на која танцувала со холивудската звезда Џон Траволта.
Ноќниот фустан е еден од четиринаесетте фустани на некогашната сопруга на британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, кои се нашле на лицитација во организација на аукциската куќа Вадингтон.