Реган Кер одлучила својата колекција затварачи за лименки да ја искористи за изработка на фустан за матурата. Пет илјади затварачи за лименки, еден по еден, Реган полека ги собирала, а потоа ги сложувала, за на крајот фустанот да го добие својот конечен облик. Сето ова траело околу две години, а во собирањето на затварачите биле вклучени целото семејство и пријателите.

Тоа воедно е и нејзин прв фустан, а рекла дека најголем проблем било поставувањето на патентот на задниот дел од фустанот. Имено, било потребно многу внимателно да се шие околу него, како патентот би можел да функционира.