Најдобриот футсал колектив во Македонија, екипата на Шкупи забележа историски триумф, победувајќи со неверојатни 37-0, на гостински терен кај тимот на Кратово.

„Сино белите“ одиграа максимално од почетокот од крајот и до врв ја наполнија мрежата на ривалот. Најефикасен во листата на стрелци беше Зоран Левески, кој броеше до 14 погодоци. Еркан Шабани беше стрелец на седум гола, Исмет Чека даде шест, Бурак Мемеди имаше четири, Иван Сотировски три, а Арсим Фазлиу и Никола Димовски по еден. Еден од погодоците беше и автогол.

OhridNews