Фондот за здравствено осигурување на Македонија го воведува правото за осигурениците кои привремено престојуваат во странство,на дијализа во странска здравствена установа, еднаш во годината и не подолго од 30 дена. Дијализата ќе биде на товар на ФЗОМ.

Процедурата е едноставна. Треба да се поднесе барање на пропишан образец, да се достави медицинска документација за извршената дијализа, потврда дека е платено и трансакциска сметка на која се бара да се направи рефундацијата.

OhridNews