Фондот за здравствено осигурување ќе прераспредели вкупно 14 милиони денари од аптеките што целосно не ги искористиле средствата за лекови на рецепт во аптеките каде таа искористеност е 100 отсто.
Од ФЗОМ информираат дека се работи за аптеки што се наоѓаат на фреквентни места и каде поради поголемата побарувачка квотата се искористува пред истекот на месецот.
Од фондот велат дека од вкупно распределените 2,3 милијарди денари за оваа намена, искористеноста на ниво на Македонија изнесува 74 %.
Дополнително, од фондот информираат дека 24 нови аптеки склучиле договор со нив, со што листата се зголемува на 751 аптека. За сите нив во месец јануари се обезбедени вкупно 172 милиони денари.
извор: Makfaks