И покрај укажувањата на Фондот за здравствено осигурување дека согласно законските измени кои стапуваат на сила на 1 септември, невработените лица носители на здравствено осигурување да се пререгистрираат во подрачните служби или на шалтерите, со цел да се изврши промена на основот на осигурување, засега одзивот на граѓаните е многу мал, информираат од ФЗОМ.

Засега оваа обврска ја исполниле само 20.073 лица, од вкупно 247.774 лица носители на здравствено осигурување, односно 8.1%  лица извршиле пререгистрација.

Со измените на законот од 01.09.2011 за невработените лица кои извршиле пререгистрација, буџетот на Македонија преку министерството за здравство, ќе продолжи да плаќа за здравствено осигурување.

ФЗОМ како институција која ја спроведува измената на законот не посакува да се создаде состојба во која осигурениците би останале без сини картони. Затоа апелираме до невработените лица во следниве подрачни служби со процент на пререгистрација : Тетово 2.2% , Кавадарци 3%, Струга 5%, Прилеп 5.6%, Кичево 5.8%, Берово 6.4%, Делчево 6.8%, К.Паланка 7.2%, Охрид 7.5% , да дојдат и да се пререгистрираат, апелираат од Фондот.

Потребните документи за пререгистрација на невработените кои примаат сини картони се наоѓаат на шалтерите на ФЗОМ и на веб страницата на Фондот.

На изјавата лицето ќе мора да ја напише сумата која минатата година легнала на неговата трансакциска сметка, а со себе треба да носат копија од лична карта и здравствената книшка каде ќе добијат нов печат. На истото место, на шалтерите, граѓаните ќе можат да достават апликација за електронски картички.

OhridNews