Од Фондот за здравствено осигурување на Македонија апелираат до невработените лица и лица со ниски примања да го запазат рокот за пререгистрација, кој завршува на крајот од месец март.

Како што оттаму информираат, во првите 20 дена од почетокот на пререгистрацијата, оваа законска обврска ја исполнале 36.787 носители на здравствено осигурување од вкупно 221.130, што е 16% од вкупно евидентирани на ниво на Македонија.

Доколку невработените лица не го запазат дадениот рок, по неговото истекување на 31- ви март тие ќе останат без здравствено осигурување.

OhridNews