Во тек се процедурите за набавка на „Вемуруфаниб“ таблетите,лекот кој е неопходен за лекување на охриѓанецот Марјан Велјаноски, но и за сите останати во државава кои боледуваат од меланом-рак на кожа,информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефаноски.

Стефаноски додаде дека во тек се и законските процедури за проширување на листата со лекови за болести за кои нема прва линија на терапија. Потенцира дека законот е дециден и дека мора да се почитува. Владата формрира независни комисии кои треба да ја утврдат оправданоста за ставање на еден лек на позитивна листа и тоа да се усогласи со другите државни институции.

OhridNews

По сторијата за Марјан Велјаноски државата го става лекот против рак на кожа на позитивна листа