
Притоа тој истакнал дека понудата на српскиот претседател Николиќ е упатена повеќе до државниот врв на Република Македонија, поточно до претседателот и оти црквата нема надлежности да расправа за такви прашања.
-МПЦ, некој архиереј или архиепископ, кој било од нас, ниту може некого да стави во затвор, ниту може да ослободи. Оттука, такво барање и таква понуда се упатува до државниот врв, изјавил владиката Тимотеј, одговорајќи на новинарско прашање.
Посочувајќи дека говори во лично име, а не како портпарол на МПЦ, владиката Тимотеј истакнал дека изјавата на српскиот претседател ги демантира ставовите на СПЦ.
– Соборот, Синодот и портпаролите на СПЦ постојано изјавуваа дека тоа е строго црковно прашање и нема место за надворешни фактори и сега одеднаш тоа не е црковно, туку е државно, односно политичко прашање, изјавил г. Тимотеј.
Се разбира, додаде г. Тимотеј, дека ослободување на еден човек е прифатливо, но јас не сум тој што можам да го ослободам.
Инаку денеска во Лешочкиот манастир кај Тетово беше хиротонисан новиот владика на МПЦ. На церемонија на која присуствуваа сите членови на Светиот архиерејски синод на МПЦ, архимандритот Јосиф од манастирот во Калишта, беше назначен за епископ лешочки. Тој ќе му биде викарен – помошен епископ на митрополитот на кумановско полошката епархија господин Кирил.












