Со брзата и точната реакција Габи и Врсаљко му го спасија животот на Фернандо Торес кој на мечот меѓу Депортиво ла Коруња – Атлетико Мадрид (1-1) имаше страшен судар и пад на главата.
Соиграчите кои се најдоа во близина му ја отворија устата на Торес и го му фатија јазикот кој веќе го проголтал. Докторите ги прогласија за херои двајцата соиграчи.
– Тие реагираа перфектно и без паника што е многу битно во такви ситуации. Тие се вистински херои, бидејќи му го спасија животот на Торес. – велат докторите.
Голгетерот кој ја вратил свеста и почнал да зборува ноќта ја поминал во болница и се очекува да ја напушти во скоро време.
OhridNews