Најскапиот тинејџер во историјата на Интер, Габриел Барбоса почна да ги враќа вложените средства, откако беше стрелец на единствениот погодок во победата (1-0) на гостувањето на Ренато де Лара кај Болоња.


Бразилскиот интернационалец одлучувачкиот погодок го постигна во 81-та минута по асистенција на Данило Д`Амброзио. Инаку, во игра популарниот „Габигол“ влезе од клупата на местото од Кандрева шест минути пред да го реши мечот во Болоња.


Со овој триумф „нероазурите“ се вратија на четвртата позиција и продолжија да прават притисок за местата кои водат во квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони.

OhridNews