Фудбалерот на Манчестер Сити, Габриел Жезус ќе паузира два месеци од фудбалот поради повредата на коленото која ја доби на дуелот со Кристал Палас во Премиер лигата.

Бразилецот се повреди во 20-та минута и првичните прогнози неа беа баш најдобри. Деталните прегледи на коленото не покажаа кинење само оштетување на лигаментит по што докторите му одредија двомесечна пауза.

– Многу сум среќен што испадна вака после повредата, бидејќи можеше да биде многу полошо. Ветувам дека ќе се вратам побрзо од предвиденото. Среќна Нова година и се гледаме во 2018. – изјави Габриел Жезус.

20-годишниот фудбалер на Етихад се пресели од Палмеирас и во 18-те настапи во Премиер лигата сезонава има постигнато 8 голови.

OhridNews