Фудбалските галактикоси на италијанскиот стручњак Карло Анчелоти со победата 4-1 над Лудогорец во Лигата на Шампиони стигнаа до 19-та во серија.


„Кралевите“ веќе го срушија и подобрија рекордот во Шпанија, кој беше во сопственост на Барселона во времото кога тренер беше Френк Рајкард.

Следна цел на Европскиот првак е светскиот рекорд на Коритиба, кој е 24 победи во низа. За влез во Гинисовата книга за рекорди на Реал Мадрид потребни му се уште шест победи.

„Лос бланкос“ веќе во петок ги очекува нов натпревар и тоа со Алмерија во шпанската Примера.

Потоа ќе бидат дел од Светското клупско првенство, а откако ќе се вратат им следува гостување на „Местаља“ против Валенсија што ќе им биде најголем предизвик за Гинисовиот рекорд.

Мх.П.