Актерите од Народниот театар Битола вчеравечер на сцената „Долни Сарај“ ја изведоа премиерата на театарската претстава „Галеб“ од Антон Чехов, во режија на Багријана Попов.

Селекторката на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, Сања Арсовска, вели дека драмскиот репертоар на „Охридско лето“ секогаш ги носи најдобрите драмски претстави со најдобрите театарски ансамбли, меѓу кои е и Битолскиот народен театар кој годинава доаѓа со премиера на Чеховиот „Галеб“.
Чеховата „Галеб“ е всушност антибајка за нереализираните амбиции, за чудна мазохистичка потреба на луѓето да страдаат и да им биде тешко во нивните животи, вели Арсовска.

Прекрасно е искуството и задоволство е што веќе 20 години се дружам со Битолскиот народен театар и сега првпат во Охрид имаме прилика да ја претставиме драмата „Галеб“. Чехов, оваа претстава ја нарекува комедија иако во некои сцени е испреплетена со страдања. Исто така, претставува и едно искуство на љубовта, природата, а централно место зазема и езерото со своите убавини. Затоа е перфектно, што претставата се изведе токму каде што имаме и поглед кон езерото, вели режисерката Попов.

OhridNews










