“Галеб“ со вонредни линиии за продолжениот празничен викенд
31.07.10 12:30
Реки од автомобили од вчера утрото се слеваат во Охрид. Голем број гости пристигнуваат и на меѓуградската автобуска станица. Од автотранспортното претпријатие АД „Галеб“, информираат дека интересот за Охрид за празникот Илинден кој се совпаѓа со шпицот на туристичката сезона е зголемен и дека во сообраќај се пуштени дополнителен број возила.
– Најголем број патници ни доаѓаат од Скопје, а зголемен е обемот на сообраќај и кон Белград. Кон и од Скопје вчера се обраќаа уште 8 автобуси, надвор од редовниот сообраќај, а денеска е можно бројот на вонредни автобуси да достигне и до10. – изјави Димитар Василески од АД „Галеб“.
И покрај најавите на општината за модернизација и ова лето туристите на автобуската станица во Охрид пристигнуваат на имповизирани перони без речиси никаква заштита од жешкото сонце, под кое упорно чекаат и дел од станоиздавачите и такси превозниците. Од АД „Галеб“ информираат дека тие се само закупци на просторот и дека одговорот на прашањето зошто автобуската станица се уште не е изградена треба да се бара кај локалната самоуправа, односно кај јавното комунално претпријатие, кое стопанисува со неа.
Подобрување на квалитетот на времето на старите лица, намалување на осаменоста и социјалната изолација, поттикнување на физичката и менталната активност, зачувување и развивање на индивидуалните сп...
Вработените во фабриката „Костал“ постапуваат согласно плановите во услови на случен земјотрес и пожар, а исполнети се и очекувањата за брза и навремена интервенција на службите кои се надлежни во ...
На 30092026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47-годишно лице, два...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.