Охридските кошаркари запишаа нова бодови на табелата во Втората лига, совладувајќи го составот на Спарта со 91-76 (20-15, 30-19, 19-25, 22-17), во 12-та рунда од шампионатот.

„Галебите“ одиграа маестрално во првата и втората четвртина, обезбедувајќи двоцифрена предност на полувремето (50-34). Третиот период им припадна на гостите, но охриѓани во своја корист ги решија последните 10 минути, за убедлив и нов триумф во второлигашката конкуренција.

Во следната 13-та рунда, Охрид, на домашен терен силите ќе ги одмери со Спорт Тим од Неготино.

OhridNews